Возачот на автомобилот не ја кренал рачната сопирачка и го оставил возилото во рикверц.
Денеска во градот Костањица на црногорското приморје се случи несекојдневен инцидент кога бело „рено“ паркирано на главниот пат заврши во морето!
Видеото од инцидентот е објавено на страницата „Подгорички времеплов“ и ги прикажува драматичните моменти кога кранот го извлекува автомобилот од плажата.
– Возачот на автомобилот не ја повлекол рачната сопирачка и го оставил возилото во рикверц. Без никаква контрола автомобилот потоа излетал по падината, преминал плажа полна со капачи и завршил во морето. Само од чиста среќа никој не беше повреден од капачите. Автомобилот е извлечен со кран – стои во описот на видеото.