Жител на Скопје доцна синоќа пријавил дека го нема неговото осумгодишно дете, а претпладнево – дека момчето самото се вратило на местото на кое престојува со семејството, соопшти МВР.
„Денеска (2 мај) во 10 часот во СВР Скопје А.Џ. (55) од Скопје пријавил дека на местото каде престојуваат, се вратил неговиот син А.Џ. (8), за кој тој вчера (1 мај) во 00:45 часот во Полициската станица Карпош пријавил дека се оддалечил од престојувалиштето“, велат од полицијата, без да објават повеќе детали за случајот.