Младоженец од Грција бил уапсен на денот на неговата венчавка бидејќи кај него бил пронајден кокаин.
Неколку стотици гости вчера попладне веќе биле во православната црква на Крит, каде требало да се одржат венчавката, која на крајот била откажана бидејќи младоженецот наместо во црква, бил одведен во полициска станица.
Како што пишува Прототема, вистинската драма се одвивала во саботата наутро, кога полицијата откако добила дојава, дошла во куќата на младоженецот (36) и извршила претрес.
Таму полицијата пронашла и запленила три пакувања со 174,1 грам кокаин, 132 патрони различен калибар, две прецизни ваги, амфора, статуетка, сума од 3.550 евра и два мобилни телефони. Истовремено, полицијата ја уапсила и неговата 62-годишна мајка, бидејќи се обидела да ја сокрие дрогата.
Апсењето на младоженецот и неговата мајка предизвика хаос во семејството кое морало да ја откаже венчавката. Сепак, се чини дека оваа информација не стигнала до сите гости, бидејќи на свадбената церемонија во црквата дошле најмалку 900 луѓе, не знаејќи дека младоженецот е уапсен.
Како што пишува, тоа била голема и помпезна свадба со дури 2.000 гости, а младоженецот наводно имал 14 куми. Адвокатот на младоженецот рече дека тој е скршен поради сѐ што се случило и тврди дека неговиот клиент е во тешка психолошка состојба. Според адвокатот, кокаинот пронајден во куќата на младоженецот бил исклучиво за лична употреба, а 36-годишникот го опишал како многу дружељубива и сакана личност.