Вистинската драма се случи на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив во моментот кога авионот на германскиот канцелар Олаф Шолц требаше да полета. Како што може да се види на видеото од социјалните мрежи, неколку секунди пред полетувањето се огласиле сирените за напад. Шолц веќе бил во авионот, но дојде наредбата сите патници да излезат од него и да легнат на пистата.

Шолц беше брзо евакуиран од авионот и однесен со автомобил во засолниште.

– Канцеларот со свои очи можеше да види две експлозии – пишува „Билд“.

Како што беше најавено, израелскиот систем за противвоздушна одбрана „Железна купола“ собори ракети на Хамас од небо. „Билд“ пренесува дека потоа бил претресен авионот на германската влада со цел да се утврди дали има евентуални опасности.

По проверката, на Шолц и неговите соработници им било дозволено да се качат во авионот и да летаат за Каиро.