Во близина на романскиот крајбрежен град Костинести денеска одекна експлозија, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на очевидци и на службите за итна помош.
Се верува дека станува збор за руска противбродска мина, изјави портпаролот на романската морнарица за телевизијата Диги24.
Цивилната заштита соопшти дека нема повредени. Од почетокот на руската инвазија на Украина, романската морнарица онеспособила пет руски мини во Црно Море, изјави портпаролот.
Костинести е многу популарна туристичка дестинација на Црно Море, на околу 250 километри источно од Букурешт.
Според властите, експлозијата се случила на насип во близина на хотелот. По експлозијата се крена црн чад, изјави очевидец што го следел инцидентот од терасата на хотелот, пренесе Диги24.
A strong explosion occurred on a beach in #Romania
According to preliminary data, a sea mine detonated in the Black Sea resort of Costinesti. pic.twitter.com/xGobNcjWf5
— NEXTA (@nexta_tv) August 14, 2023