Поради големото невреме во Словенија, затворени се бројни патишта и автопатишта низ целата земја, а Министерството за надворешни работи ги повикува Македонците кои се наоѓаат во земјата да ги напуштат загрозените подрачја, особено оние покрај реките.

Исто така ги повикаме граѓаните кои планираат да патуваат во Словенија или транзитираат преку неа, да проверат кои патишта се слободни – се додава во соопштението.

Од Министерството додаваат дека доколку има граѓани во погодените региони и имаат потреба од помош да ја контактираат Амбасадата на Северна Македонија во Љубљана, на следните телефонски броеви: +386 1 421 00 21; +386 41 544 222 или на следната е-маил адреса [email protected].

Расте бројот на загинати

Најмалку три лица загинаа досега како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави словенечката новинска агенција СТА. Еден Словенец настрада во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во областа Крањ.