Припадници на српското МВР, Управата за борба против организиран криминал на УКП, во соработка со Вишото јавно обвинителство Сомбор, ги приведоа С.М.(49) и Г.К.(48) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела илегален премин на граница и криумчарење луѓе и недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

„Припадниците на МВР, Службата за борба против организиран криминал на УКП, во соработка со Вишото јавно обвинителство во Сомбор ги уапсија С.М. и Г.К. Се сомничи дека подолго време биле членови на криминална група, заедно со друго, засега непознато лице.

Преку Дунав на територијата на Хрватска за сума од околу 5.000 евра незаконски префрлиле повеќе лица, меѓу кои имало и членови на разни организирани криминални групи од територијата на Србија, Црна Гора, Албанија и Турција.

На осомничените им е одредена мерка притвор до 48 часа и со кривична пријава ќе бидат изведени во надлежното обвинителство во Сомбор – изјави министерот Ивица Дачиќ.