Најголемиот балкански ММА талент Марко Бојковиќ (22) им се обрати на своите фанови и загрижено им кажа дека добил информација дека му се подготвува ликвидација.

Во петокот вечерта маскиран напаѓач упаднал во неговиот стан во Белград и ја претепал неговата девојка која завршила во ургентниот центар, а потоа и рекол: „Поздрави го Бојковиќ, нема уште долго, ќе го заќутиме.” Дека заканите се навистина сериозни потврди Бојковиќ во синоќешното обраќање до обожавателите на Инстаграм.

„Од полициски извори добив веродостојни информации дека животот ми е сериозно загрозен и дека дури постои голема можност да се подготвува моја ликвидација. Ова не е шега, мојот правен тим подготвува детална кривична пријава и наскоро јавноста ќе биди информиран за се преку медиумите.Ќе знаат точно кој стои зад тоа,се останува снимено и ако нешто ми се случи сите точно ќе знаете кој го направил. Точното име и презиме на човекот и други што стојат покрај него, па ќе има големи потреси. Јас сум пред се борец и спортист, не ми требаат такви работи, но нема да седам и да чекам некој да ме убие мене или некој близок“, изјави Бојковиќ.

Бојковиќ претходно отворено зборуваше дека има страшни закани од Бојан Михајловиќ, сопственикот на ММА тимот Family Fight од Нови Сад. Наводно му се заканувал со смрт на таткото на Бојковиќ, а го запалил и автомобилот на братот на Марко. Инаку, Бојковиќ се прослави на ММА сцената со своето појавување на турнирот Фајт Нешн Шампионат наречен Армагедон, кој го освои како 18-годишник.

View this post on Instagram

A post shared by Bojkovic Marko (@bojkovicmma)

Во професионалната кариера се уште нема доживеано пораз, а со неверојатна леснотија и доминација ги победи сите досегашни противници и има скор од 5-0. Нему му предвидуваат одлична кариера, а наскоро би можеле да го видиме и на најголемата сцена во УФЦ.