На 09.06.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје, 34-годишен жител на Пробиштип пријавил дека околу 08.30 часот бил измамен од две лица за сума од 1.000 евра.
Според пријавеното, лицата му се доближиле и едно од нив му кажало дека неговата сопруга е во приватна болница и дека треба да му покажат пари на докторот, а тој нема моментално во него.
Како што е пријавено, тој му ги дал парите, а другото лице му дало завиткана хартија во која наводно имало дијаманти како гаранција додека не му ги вратат парите.
Лицата заминале и не се вратиле, по што сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.