Тага и болка чукнаа и на вратата на семејството Андонови, кои го изгубија Ице Андонов.

Тој е еден од 59-те невини жртви на пожарот кој изби ноќта на 16 март во „дискотека“ во Кочани. Како што утврди истрагата познатата дискотека работела без лиценца, а утврдени се бројни пропусти. Семејството на ова момче со часови трагаше по Ице, одеа од болница до болница, за на крај да ги слушнат вестите дека тој е меѓу настраданите.

„Загина спасувајќи животи, прв излезе ама се врати да спаси колку може повеќе лица. Многупати влегувал и излегувал внатре кобната ноќ, се обидувал да ја скрши задната врата која беше блокирана со блокови и гипсови и се загушил“ – раскажуваат другарките на Ице Андонов за Женски магазин, горди што го познавале.

Ице Андонов – ќе биде запаметен како херој кој бил вработен во диското и во своите обиди да ја скрши заглавената споредна врата и влегувајќи и излегувајќи неколку пати за да спаси други животи го загубил својот.

Loading...

Тој имаше 20 години и неисполнета желба која неговите верни другари и другарки ќе ја исполнат постхумно – да ја одведат неговата кола на саем за коли.

Loading...