Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ им остави на граѓаните сами да одлучат за кого од двајцата кандидати во вториот круг на претседателските избори ќе го дадат својот глас.
„Бидејќи ‘Европскиот фронт’ повеќе не е дел од претседателската трка во вториот круг од претседателските избори и бидејќи гласот на граѓаните за нас е свет и нивно право, ‘Европскиот фронт’ наведува дека тоа е ексклузивна волја на граѓаните како што сакаат да го искористат ова право“, пишува во соопштението на коалицијата.
Лидерите ја донеле оваа одлука на денешната средба во Струга, каде се разговарало и за изборите одржани на 24 април.
Лидерите, како што се додава во соопштението, заклучиле дека првиот круг од претседателските избори на 24 април поминал во мирна, фер и демократска атмосфера.
Од опозициската коалиција „Вреди“ засега нема став за тоа дали и кого ќе поддржат во вториот круг од претседателските избори.