Вирусологот Миланко Шеклер изјавил дека истражување во Германија покажало дека 78 отсто од луѓето кои прележале ковид-19 имаат оштетување на срцевиот мускул, и дека дури 30 отсто од оштетувањата бараат терапија.

Шеклер рекол дека врз основа на ова „јасно е дека еден од органите кои трпат заради короната е и срцевиот мускул, по повод нановите наводи дека „короната не е респираторна, туку кардиоваскуларна болест“.

„Оние кои прележале корона треба прво да одат на кардиолог, а потоа да почнат со некои појаки физички ативности“, препорачува д-р Шеклер.