Скопската полиција вчера вечерта извршила голема заплена на мобилни телефони од моделите на iPhone и Samsung, дознаваaт медиумите од полициски извори.
Според неофицијални информации, запленети се дури 2 тони од овие модели на телефони.
До овој момент од полицијата не може да се добие информација каде е направена заплената ниту пак кој ги донел овие телефони во Македонија.
Нашиот извор тврди дека случајот е пријавен кај надлежен јавен обвинител и кај мобилната Царина. Се уште не се знае како овој товар поминал на Царина.
Упатени во бизнисот со мобилни телефони велат дека во Македонија нема играчи во овој бизнис кои работат со толку големи бројки иако ништо не треба да биде исклучено.
Според нивната пресметка, 2 тони товар со мобилни телефони се околу 5.000 апарати заедно со се амбалажата.