Вознемиреност владее во Швајцарија откако попладнево два воза излетаа од шините, при што повредени се човеќе лица, јавуваат швајцарските медиуми.

– Конкретно, два регионални воза излетаа од шините во петокот, на само неколку километри оддалеченост и околу половина час, северно од Берн. Едниот инцидент вклучува воз во Лусерц, а другиот воз кој патувал во административниот регион Берн-Мителанд во кантонот Берн, објавија медиумите.

Според полицијата во Берн, несреќата во Лусерц се случила околу 16:30 часот по локално време на линијата Биел-Тауфелен-Анет, при што неколку вагони се исклизале на страна.

Тој дел од пругата е затворен, а противпожарните служби и брзата помош се упатиле на местото на настанот. Забележано е дека областа каде што е забележана првата несреќа е зафатена од бран на силно невреме.

Втората несреќа се случила нешто пред 17 часот по локално време, при што дел од возот се превртел. Спасувачите се упатиле кон областа каде што дувале силни ветрови за да пружат прва помош.

Забележано е дека силните ветрови зафатија неколку области северно од Алпите во Швајцарија во текот на денот. Бурите, всушност, достигнаа и до 122 километри на час, додека брзината на ветерот во Цирих достигна и до 107 километри на час.

Од утрото метеоролошката служба на Швајцарија забележала повеќе од 5.000 удари од гром.