Дваесетгодишна девојка кон средината на декември била силувана во Хрватска во близина на надвозник кој води од Ореховица кон Подбрест, јавуваат хрватските медиуми.

Полицијата не известила за силувањето, а по распитот на 20-годишниот осомничен, се огласи жупаниското правобранителство на Вараждин. Единствено соопштено е дека 20-годишна девојка била силувана на едно место во месноста Меѓимурска жупанија, а осомничениот е во истражен затвор поради опасност од повторување на кривични дела.

Девојката се спротивставила и го изгребала силувачот

Хрватските медиуми од сигурни извори дознаваат дека жртвата е 20-годишна девојка која како и секоја вечер шетала куче на таа локација. Била силувана во тревата, во близина на надвозникот, а сторителот е нејзин врсник од Подбрест.

Девојката се спротивставила и го изгребала силувачот, но тој не престанал со нападот. За време на нападот, тој извршил „рамноправен сексуален чин без нејзина согласност“, се вели во официјалното соопштение.

„Ова е страшно“

Нападот го пријавил случаен минувач кој забележал дека нешто се случува и повикал полиција.

„Ова е страшно, изразувам жалење за она што се случи и најостро го осудувам таквиот чин. Не можам ни да замислам како им е на луѓето, сите имаме семејства и деца“, изјави градоначалничката на Ореховица Дијана Новак за случајот.