Најмалку две лица се убиени, меѓу кои и едно дете, во напад со нож во парк во германскиот град Ашафенбург.

Нападот се случил во парк во центарот на градот, пренесува Билд.

Според информациите, покрај двете жртви, има и неколку повредени.

На терен излегле голем број полицајци и возила на брза помош. Железничкиот сообраќај на јужната станица во моментов е прекинат бидејќи осомничениот се обидел да побегне преку шините.

Билд пишува дека во врска со овој настан се уапсени две лица.