Две деца на возраст од 3 и 5 години се удавија во езерото Мичиген откако се преврте едрилицата со која управувал нивниот татко, по кој трага.

Страшна трагедија го погоди семејството Салник минатиот викенд, кога бродот со таткото Бил Салник (32) и неговите деца Шарлот (5) и Џош (3) потона во езерото Мичиген.

Таткото ги одвел ќерката и синот на пловење, а последен пат се слушнале во саботата во 16 часот, кога испловиле во Грин Беј на езерото Мичиген откако го напуштиле пристаништето Оконто околу 10 часот во саботата. Тројцата со чамецот „Мојата сина дама“ тргнале кон блиската марина, но таму никогаш не стигнале, соопшти полицијата.

Кога локалната полиција добила дојава за превртениот брод во неделата околу пладне, започнала интензивна потрага по вода и воздух, а едрилицата набрзо била пронајдена недалеку од островот Чембер.

За жал, спасувачките екипи набрзо ги пронашле телата на децата, на два километри јужно од местото каде што бил пронајден пловилото. Потрагата по таткото се уште трае, а локалната полиција соопшти дека ќе продолжи да го бара Бил бидејќи топлата вода и температурата на воздухот ја зголемуваат можноста тој да е се уште жив.

Бил Салник е познат како искусен морнар, кој често пловел со своите деца и тоа го објавувал на социјалните мрежи. Во мај објави видео како пловат, додека децата се смеат и уживаат во возењето низ мирната вода. Овие драгоцени моменти сега само дополнително ја нагласуваат големата трагедија што го снајде ова семејство.