По долго и тешко боледување почина кревачот на тегови и повеќекратен национален шампион на Босна и Херцеговина. Нермин Зечиќ (27) од градот Коњиќ две години се борел со тешка болест, но за жал не преживеал.

Веста за неговото заминување во јавноста ја соопшти неговиот клуб Неретва.

– Со тага во срцето ги известуваме сите пријатели на КК Неретва дека нашиот најдобар натпреварувач Нермин Зечиќ почина по битка со тешка болест – соопштија од клубот со времето и местото на погребот.

Нермин беше најголемата надеж на БиХ во кревањето тегови, освои многу медали и беше оженет, пренесува „хајат.ба“.