Без електрична енергија утре неколку часа ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Карпош, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД.
Во периодот од 8 до 10 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Кратовска“ и дел од корисниците од улиците „Банско“ и „Рилски Конгрес“, од 8 до 13 часот, корисниците од ул.„Востаничка“ од бр. 60 до бр. 84, а од 9 до 15 часот дел од корисниците од ул.„Гутенбергова“ во општината Кисела Вода.
Без струја во периодот од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од ул.„Козле“ и дел од корисниците на ул.„Миле Поп Јорданов“ во општината Карпош.