На 12.08.2021 во 13.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф”, со италијанска национална ознака, управувано од З.Б.(58) од с.Добридол, гостиварско и мотоцикл „бмв”, со тетовски регистарски ознаки, управуван од П.Б.(39) од с. Брвеница, тетовско. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил П.Б., констатирани во Медицинскиот центар Гостивар. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

На 12.08.2021 во 13.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Тетово – Пирок се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.И.(52) од Тетово и мотоцикл „баотијан“, управуван од А.И.(68) од с.Ломница, гостиварско, двете со тетовски регистарски ознаки. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил А.И., констатаирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.