Премногу провокативно и целосен моден кикс. Чејни Џонс сигурно сметала дека добро ја смислила комбинацијата со која неодамна се појавила во ресторан во Мајами, но не е така.

Модните критичари велат дека ја поминала секоја граница. Чејни, која јавноста ја запозна како девојка на раперот Канје Вест, се појавила во плетен комплет – здолниште спуштено на колкови и топ под кој не носела градник.

Златното модно правило вели дека умереноста е важна за стилот, односно треба да се провоцира со мерка. Во овој случај, Џонс направила се како што не треба.