По прележан Ковид-19 или по вакцинација, телото создава антитела против таканаречениот спајк протеин. Вирусот САРС-КоВ-2 го користи овој протеин за да се закачи и да навлезе во клетките. Користејќи го овој протеин пак антителата може да го препознаат вирусот, да му се прикачат и да го направат видлив за имунолошките клетки.
Според институтот „Роберт Кох“ (информација од 2.11.2021) заштитата преку иРНК вакцини како Бионтек/Фајзер е околу 90%. Но, тоа не важи за новата Делта варијанта. Во споредба со првичната форма на вирусот, мутацијата е многу позаразна и се шири на многу места во светот.
Делта-варијантата е исклучително опасна
Делта сојот особено полесно навлегува кај луѓе кои примиле само по една доза вакцина. Имунологот Карстен Вацл од Лајбниц институтот на Универзитетот во Дортмунд претпоставува дека ефикасноста на вакцината на Бионтек/Фајзер од 90% заштита кај основната варијанта, кај Делта паѓа на 88%, додека заштитата на векторската вакцина Астра Зенека од 66% на 60%.
Податоците од Израел, пак, велат дека заштитата од зараза од опасната варијанта кај Бионтек/Фајзер е само 64%. Но добрата вест е дека пружаат заштита од хоспитализација и развој на тешка форма на болеста до 93%.
Дали вакцината дејствувала кај мене? Антителата даваат одговор на тоа прашање. Но, за исходот од таквите тестови засега не постојат референтни вредности. Друг проблем е новата заразна Делта варијанта.
По прележан Ковид-19 или по вакцинација, телото создава антитела против таканаречениот спајк протеин. Вирусот САРС-КоВ-2 го користи овој протеин за да се закачи и да навлезе во клетките. Користејќи го овој протеин пак антителата може да го препознаат вирусот, да му се прикачат и да го направат видлив за имунолошките клетки.
Според институтот „Роберт Кох“ (информација од 2.11.2021) заштитата преку иРНК вакцини како Бионтек/Фајзер е околу 90%. Но, тоа не важи за новата Делта варијанта. Во споредба со првичната форма на вирусот, мутацијата е многу позаразна и се шири на многу места во светот.
Германското здружение за имунологија посочува дека е јасно оти антителата опаѓаат шест до девет месеци по вакцинацијата. Тогаш имолошката заштита веќе не е оптимална. Делта варијантата предизвикува дополнителен проблем што антителата не секогаш ја препознаваат.
„Ништо точно не се знае“
Делта варијантата ги исправа научниците пред големи предизвици. Против повеќето познати варијанти најголемиот дел од вакцинираните со две дози се барем за почеток имуни. Но, тоа, според Вацл, сепак не важи за сите: „Вакцинацијата не е гаранција дека секој ќе создаде имунитет. Клучно е нашето тело да создаде имунолошка заштита, но тоа во моментов не можеме да го измериме.“
Кај тетанус-вакцината, на пример, е различно. Доколку не знаеме дали имаме доволно заштита тоа можеме да го тестираме со проверка преку крв. Доколку бројот на антитела е над одредена граница, лицето е имуно. Доколку вредноста е под граничната вредност, лекарот мора да препише дополнителна вакцина.
„Во однос на короната сѐ уште немаме гранична вредност со која би одредиле дали некој има доволно имунитет или не. Веројатно клучна улога во тоа имаат неутрализирачките антитела. Тие го врзуваат вирусот за да не заразува други клетки. Но колкав треба да биде бројот на антитела за да се каже дека имате имунитет, сѐ уште не се знае,“ појаснува Вацл.
Нема јасен репер
Актуелните тестови во иднина би можеле да покажуваат колку е силна имунолошката заштита и месеци по втората доза вакцина, дали заштитата е доволна и дали треба и трета доза. Експерти предупредуваат дека тестови за антитела не даваат апсолутна сигурност околу статусот кво, туку само покажуваат дали се формирани антитела. Нивниот број многу се разликува од човек до човек, бидејќи секој организам има различни предиспозиции.
Но, не играат само антителата некаква улога во справување со инфекцијата, бидејќи кога вирусот еднаш ќе навлезе во клетката, антителата не можат да допрат до него, а тој може да се размножува. „Затоа нашето тело има т.н. Т-клетки кои се во состојба таквите инфицирани клетки да ги уништат. Тоа значи дека жртвуваме неколку клетки од нашиот организам, оние инфицираните, наместо да дозволиме да се размножува вирусот”, вели Вацл опишувајќи го процесот.
Тоа е мерливо, но во пракса е многу тешко да се одреди бројот на Т-клетките и тестот не е едноставен. „Антителата сами по себе не кажуваат колку човек е добро заштитен. Може да се случи речиси и да немам антитела, односно да постои можност за зараза, но одговорот на моите Т-клетки да е толку силен што не развивам тешка форма”, вели Вацл.
Оние што имаат високо ниво на антитела веројатно имаат добра заштита од корона, вели имунологот. Сепак, веројатно не важи обратниот заклучок дека со помал број антитела не сте заштитени.
Прашање на гранични вредности
За тестирањата за антитела на корона и натаму има различни методи. Вообичаено за лабораториски анализи има утврдени стандарди кои се водат од минимална до максимална вредност. Така и лекарот може да препознае дали вредностите се во рамки на нормалното. Но, тие во случајот со САРС-Ков-2 не се дефинирани.
Исто така не се знае како опаѓа нивото на антитела, туку се знае само дека тоа се случува со тек на време. „Бројките се менуваат во бранови – ако се погледаат вредностите веднаш по вакцинацијата имате највисоко ниво на антитела. Во првите месеци по вакцинацијата брзо опаѓаат, но по некое време се нормализират на една константна вредност и потоа многу бавно се намалува бројката. Тоа е така и со други вакцини и изгледа и со вакцините против корона е ист случај”, вели Вацл. Но, ова не е научно докажано, а и бројките се разликуваат во секој индивидуален случај.
Има луѓе кои се двапати вакцинирани и немаат или имаат мал број антитела против коронавирусот. За тоа улога може да играат многу фактори. Еден е возраста, но и потиснат имунолошки систем кој не функционира како кај здрави лица и не може да се справи со натрапници.
Палетата е широка – од „многу антитела и добра заштита” до „премалку антитела и лоша заштита”, па дури и „малку антитела, но сепак добра заштита”.
Но, научниците ширум светот и натаму бараат референтна вредност која ќе покаже дали човек има потреба од освежување на заштитата преку дополнителна вакцинација.
Ќе мора да бидат спроведени уште бројни студии, меѓу другото и околу однесувањето на Делта варијантата, за тоа да биде издржано и базирано на конкретни бројки.
Досегашниот заклучок гласи: не се знае ништо точно. Но, имунологот Вацл е оптимист. „Многу антитела помагаат многу, тоа би го истакнал. Каде е долната граница актуелно не се знае, но и тоа ќе го откриеме.“