Милица Тодоровиќ претходната вечер настапи во клубот „Касина“, а пред да се појави пред публиката разговараше со насобраните медиуми.

Популарната пејачка проговори за непријатностите од настапите и нападите од публиката.

– Некогаш го прекинувам настапот, понекогаш гаѓам со истиот предмет кон оној кој ме удрил. Можеби ми се случило два-три пати. Мислам дека едно момче ме гаќаше со отпушок од цигара, потоа ме гаѓаа со мраз, а еднаш ме удрија во колено со шише виски – раскажа Милица, а потоа додаде како се справила со момчето кое сакало да ја фотографира кај интимниот дел.

– Еден дечко го спушти телефонот под мојата сукња. Прво го удрив со нога во раката, а потоа му реков „Тргни се да не те скршам сега!“ . Ја имам таа детска природа, сакам да се степам. На крајот го фрлив неговиот телефон кон публиката. Кога работиш во клуб, кафуле, има алкохол. Фала му на Бога, не сум имала сериозни ситуации – заклучила таа.