Eден месец по хоспитализацијата, во Детската болница во романскиот град Јаши почина четиригодишното девојче, чија мајка ѝ ја измила косата со токсична, антипаразитна супстанца.
„По сите напори што ги направи тимот на лекари од АТИ и Токсикологија, по околу еден месец хоспитализација, девојчето отруено со органофосфатна супстанца почина“, изјави Каталина Јонеску, портпарол на Детската болница во Јаши, Романија.
Мозокот мртов две недели
Лекарите се подготвуваа да го прогласат нејзиниот мозок мртов од 26 јануари. Девојчето било примено на интензивна нега еден месец и починало во средата на 14 февруари.
За потсетување, на 16 јануари годинава две девојчиња од село Гоешти, општина Лунгани, итно биле префрлени во Детската болница во Јаши, откако нивната мајка им ја измила косата со отровна материја.
Четиригодишното девојче имало минимални шанси за преживување, додека нејзината една година помлада сестра била отпуштена од болница.