Вечерва се одржува големото финале на натпреварот „Ѕвезда Гранда“. Марија Шерифовиќ годинава нема да биде со своите натпреварувачи. Имено, таа е во Швајцарија каде вечерва има концерт.

Пејачката и покрај тоа што не е во студиото на Кошутњак, ги поддржува своите кандидати и ги повика сите свои следбеници на Инстаграм да гласаат за нив. Таа претходно во своето обраќање до фановите им порача да победи најдобриот.

Четворицата натпреварувачи на Марија се: Александра Иванов, Инел Нукиќ, Јелена Проле и Дејан Дачевиќ.