Ѕвездата и капитен на Лацио, Чиро Имобиле имал застрашувачка сообраќајна несреќа во близината на „Олимпико“ во Рим, удирајќи во трамвај уништувајќи го својот автомобил, јавуваат италијанските медиуми.

Според италијанските медиуми, Имобиле ја повредил својата рака, но за среќа неговите деца кои биле во автомобилот поминале без повреди.

Според „Кориере дело спорт“, Имобиле тврдел дека трамвајот поминал на црвено светло.