Стариот народ Хунзи живее на самата граница на Пакистан и Индија, а познат е по тоа што животниот век трае 110-120 години. Затоа нивниот дом се нарекува „оаза на младоста“. Речиси никогаш не се болни, а благодарение на гените, секогаш изгледаат младолико.

Тие се вистински пример дека идеален начин на живот навистина постои. Се капат во студена вода, дури и на температура од 15 Целзиусови степени, а раѓаат деца и на 65 години.

Налето јадат свежо овошје и зеленчук, а во текот на зимата консумираат суви кајсии, житарки и овчо месо. Постои период кога Хунзите не јадат ништо, а е познат како „гладната пролет“. Името го добил по тоа што овошјето тогаш сè уште не е зрело, па исклучиво пијат сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци и го сметаат за клучен за нивното здравје.

Лекарите велат и дека начинот на исхрана и периодите на гладување се одговорни за добро здравје и долговечност.

Имено, навиката за конзумирање на големи количини кајсии можеби е одговорна за заштита од тумори. Семките од кајсија се богати со витамин Б-17, кој има антиканцерогено дејство, а од семките прават масло. Сепак, ова се екстремно мали дози, кои можат да бидат опасни по живот доколку се претера со нив. Дури и прашање на престиж е што семејството има повеќе кајсии на својата земја. За жал, денес меѓу нив доаѓа и нездрава индустриска храна, па се појавил кариес и стомачни проблеми кои досега не ги знаеле.

Протеини внесуваат во најмали количини, а дневно во просек внесуваат 1.933 калории, од кои 50 грама се протеини, 36 грама масти и 365 грама јаглехидрати.

Од искуството на многу луѓе што се преселиле во долината на реката Хунза, тие заклучиле дека главниот фактор за долговечниот живот е здравата исхрана.

По враќањето во Англија, шкотскиот доктор Мак Харисон извел експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна што го јаде едно просечно лондонско работничко семејство, која вклучувала бел леб, харинги, преработен шеќер, конзервирана храна и зготвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана, кај животните се појавиле различни човечки болести. Друга група животни се хранеле со храната на Хунзите и останале совршено здрави.

Книгата „Хунзите – луѓе што не знаат за болест“ на авторот Р. Бирчер, ги истакнува основните карактеристики на нивната исхрана, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот: вегетаријанскиот начин на исхрана; голема количина свежа храна; во исхраната доминираат овошјето и зеленчукот; природни производи без никаква хемија; храна што се приготвува така што се зачувуваат сите нејзини биолошки вредни материјали; алкохолот и слатките не се консумираат; се почитува редовниот период на гладување. На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, летото 1977 година, експертите објавиле дека само кај Хунзите се појавува целосно отсуство на рак.

За Хунзите, прошетката од 20 километри дневно е исто што за нас е прошетката околу домот. За нив, качувањето на планина е како одење во трговски центар, а се спуштаат среќни и весели.