Уште едно девојче си заминува дома, по долгите терапии. Уште посимболично е тоа што вчера беше светски ден на децата кои се лечат или го победиле ракот, но и на оние кои не успеале во тоа.
Бојана се збогува со хемотерапиите и болничкото лечење и силно заѕвони на победничкото ѕвонче во Детската клиника од Скопје. Таа е една од оние деца кои успеале да го победат ракот.
„Една кротка убавица, покажа дека е лавица. Браво на храброста драга наша Бојана, те чекаме со уште поголеми животни успеси, ти можеш сѐ што сакаш, само посакај!“, Велат Од Клиниката За Детски Болести.