Фудбалската федерација на Чиле поднесе жалба до Светската фудбалска федерација (ФИФА) со која бара Еквадор да биде исфлрен од Светското првенство кое на крајот на годината ќе се игра во Катар, а на негова место токму тие да се пласираат.
Како што стои во жалбата од ФФЧ бараат Еквадор да биде дисквалификуван поради тоа што во квалификациите настапил Бајрон Кастиљо, фудбалер кој доаѓа од Колумбија.
„ФИФА одлучи да отвори дисциплинска постапка во врска со настапите на Бајрон Давид Кастиљо Сегура“, се вели во соопштението на ФИФА.
Еквадор на Мундијалот треба да игра во групата А со Катар, Холандија и Сенегал.