Во главниот град на Литванија, Вилнус, товарен авион удрил во станбена зграда. Во таа прилика едно лице загина,
тројца се повредени, а 12 лица се евакуирани од станбената зграда.
Еден пилот бил изваден од авионот откако се освестил, додека другиот починал на лице место.
Според официјални лица, во моментов се трага по едно лице.
„Гори двокатна станбена зграда“, изјавија официјални извори за ЛРТ.
Аеродромот во Вилнус не е затворен, но авионите чекаат полетување на платформата.
Од урнатините на авионот извлекле еден од двајцата пилоти, кој бил жив и свесен, но по неколку минути починал од повредите здобиени во несреќата.
Во авионот на компанијата Свифтер имало вкупно двајца пилоти и двајца вработени во „DHL“. Се трага по едно лице кое патувало во авионот.
Нема загинати од лицата кои биле во куќата врз која се урна авионот. Куќата се запалила кога машината удрила во неа. Од таму се евакуирани 12 лица.
Инцидентот бил пријавен во спасувачките екипи во 5,28 часот по локално време. Авионот се приближувал до аеродромот во Вилнус за да слета таму кога се случила несреќата. зш
🚨 #BREAKING . DHL cargo plane crashes near Vilnius airport (Lithuania)
Preliminary reports indicate it crashed near a residential building.
via . Reuters
video . DELFI pic.twitter.com/95UXKAH6BK— United Alerts (@unitedalerts) November 25, 2024