Пожар во подрумски простории на зграда во Ниш, во кој денеска загина едно лице, попладнето е изгаснат, соопшти српското МВР.
Според соопштението, припадници на Секторот за вонредни состојби пожарот го изгаснале околу 17.27 часот, а при интервенцијата е повреден еден пожарникар.
Девет лица претходно беа евакуирани како мерка на претпазливост.
Loading...