Вчера во 15.55 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.,,Карпалак“ во Прилеп, М.К.(38) од с.Куклиш, струмичко, управувајќи патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот, информираа од МВР.

Во незгодата, сопатникот В.М.(31) од с.Куклиш се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот С.Џ.(45) од Прилеп се здобил со телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.