Ненад e машко име со словенско потекло. Според значењето симболизира изненадување, нешто на што човек не се надевал. Името е многу блиско до грчкото Тихон (Τύχων), кое произлегува од зборот τύχη – среќа, згода, но носи значење и на неизвесност и неочекуваност.

Името Ненад е многу често на балканските простори. Се верува дека потеклото е од негацијата на глаголот „надежен“ или „очекуван“. Името најчесто им го давале на децата кои доаѓале на свет „одеднаш“, „ненадејно“, за коишто родителите не се надевале.

Ненад е едно од ретките имиња коишто немаат друга форма и едно од ретките машки имиња кое нема изведена женска форма.

Нумеролошка вредност на името Ненад изнесува 9, а според нумеролошкото значење овие луѓе се искрени, креативни и независни.

Оние коишто го носат името Ненад се духовно силни луѓе и се во состојба да надминат многу тешкотии во животот. Тие воедно ја толерираат рутината на животот полесно од другите. Способни се да сакаат искрено со чисти срца.

Доколку имате некој Ненад што ви значи многу во животот, означете го во коментар и посакајте му убав викенд.