ЕКСКЛУЗИВНИ ИНФОРМАЦИИ на ТВ Стар. Турскиот убиец во Штип дошол од Адана специјално за крвна одмазда.
Тој е осуденик кој во жива мета веќе пукал, а било пукано и во него. Под чудни околности наместо 6 години, во Турција одлежал само 4 месеци.
21 годишниот турски државјанин К.К. во Штип дошол специјално од Адана поради крвна одмазда.
Ова е најверојатната верзија за мотивите на јавната егзекуција на Градскиот Плоштад во Штип. Убиецот со директен лет во Скопје дошол пред 10-тина дена каде за 1.100 евра купил пиштол со калибар од 9 милиметри но со избришани податоци за модел и сериски број.
Со помош на пријатели тој бил сместен во Скопје каде и го направил планот за убиството.