Спортските обложувалници се честа мета на крадците, па речиси и да нема ден во полцискиот билтен во кој не е забележан случај за грабеж или обид за грабеж на спортска обложувалница.

На социјалните мрежи се појави шокантно видео од обид за грабеж на спортска обложувалница во Скопје, поточно во Чаир, кој можеше да заврши и трагично по животот на вработениот, но за среќа тој помина само со повреди.

Само храброста на вработениот во спортската обложувалница беше пречка овој крадец да го испразни сефот и да си замине со полн плен, но овој човек му се спротивстави на крадецот кој во раката имаше нож и го повреди вработениот во левата рака и и левата надлактица.

Откако крадецот виде дека храбриот човек нема да се откаже од пружањето на отпор, реши да го напушти објектот, но за жал успеа да му зададе неколку повреди, кои се надеваме дека се полесни. Од снимката може да се види дека настанот се случил овој месец, а подетални информации од МВР за инцидентот за жал немаме.

На овој човек му честитаме за храброста и одлучноста да се спротивстави и се надеваме дека ќе помогнеме во идентификација на напаѓачот и негово апсење од страна на МВР со цел да одговара не само за обидот за грабеж, туку и за нанесување на повреди кои можеа да бидат фатални.

Погледнете го видеото: