Вечерва околу 21:00 часот се случи сериозна несреќа на Дунав во близина на Земун, кога експлодираше глисер со четири патници.
Како што дознава „Блиц“, повредени се две лица.
Несреќата се случила во близина на сплавот „Венеција“, на 30 метри од брегот.
Пожарот избувнал во моторот на чамецот и бил изгаснат пред доаѓањето на пожарникарите.