2021 година за пејачката Елена Велевска и не беше така сјајна. Во таа година, се она што таа го градеше со години, веќе не постои, се разведе, а повеќе од две ипол години таа се бори децата да си ги врати дома. Таа борба трае до ден денес, а Елена неколку пати изјави дека нема да се откаже од истото.

– Во 2021 година изгубив се’, но останав многу силна и јас ќе кажам дека Бог е тој што дава и Бог е тој што зема се’. Јас верувам дека Бог ме има пуштено на земјата како голем хуманитарец, како мајка борец, жена хероина. Останав достојна после се што ми се случи, на сите падови, на сите порази кои што ми беа приредени во животот како професионално што немавме работа, така и приватно. Многу работи ми беа нови во животот, ново искуство, не верував ни дека постојат такви лоши нешта. Но да не гледаме толку црно. ВО 2021 година си го најдов мирот, си го повратив моето здравје, вели Велевска за „Бекстејџ“.

– Јас никогаш, никого нема да исфрлам на улица, како што бев јас исфрлена во градот во кој што стекнував се и направив 12 години. Не ми е верувајте тешко да почнам од почеток, зошто најбитно ми е достоинството, луѓето кои што ме опкружуваат, кои што не гледаат од интерес на мене и кои што ми помогнаа кога ми беше најтешко да станам на нозе и да бидам силна жена, да се борам, а во иднина и да останам пример за јавна личност. Многу ми е мило што имам три паметни деца, три златни деца, кои верувајте и тоа како имаат кариера и талент на мама, вели пејачката.

Вели дека не и е битно што старателството или листот го зел, како што вели таа, „насилникот на кој му треба архива од хартии“.

– Мене не ми требаат лисја верувајте, мене ми треба топлина, јас ја имам мајчината љубов безрезервна и со ништо не може ниту еден човек да ме уценува и да ме држи онаму каде што не припаѓам. Се знае каде припаѓаат децата, тие се секогаш во моето срце полно со љубов и топлина и го чекам денот кога ќе ми бидат вратени кај мене. Не постои цена која што би ме вратила таму, зошто многу ми е поубаво да живеам во мир, вели Велевска.

Целото емотивно интервју на Велевска за „Бекстејџ“ погледнете го подоле: