Во тек е последното издание за оваа сезона од поткастот „Без лимит“ чии автори и водители се Стефан Лазаров и Зоран Василевски. Гостин е Мики Секуловски, велешанецот на кој за влакно му избега победата во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.
Талентираниот пејач првпат проговори за борбата со анксиозноста и депресијата. Тоа се случило пред две години, кога Мики го изгубил својот татко. Вели дека бил во многу тешка психичка состојба околу шест месеци и ги пиел, како што вели, сите можни антидепресиви.
– Заврши погребот се, заврши тоа. Тој почина во мај пред две години. Јуни, јули, август, септември јас бев ОК, значи тешко ти е, но полека полека се опоравуваш. Мајка ми и брат ми се вратија во Белгија, јас останав во Македонија, Во октомври, ноември и декември, јас бев во многу тешка психичка состојба. Не можев, не сакав никакво дружење. Светло ми сметаше, вид ти се мати, стомак те боли, не можев едноставно од кревет да станам. Ќе кажеле порано анксионозност депресија, што било тоа, не сум знаел што е тоа. Значи, едноставно немаш желба за живот. Јас функционирав така шест месеци. Нова Година јас пред две години ја поминав сам со изгасени ламби, со изгасен телевизор, сам во темница, раскажува Секуловски за тешкиот период.
После празниците во јануари, на инсистирање на неговата мајка Мики вели дека отишол во Белгија, со надеж дека тоа ќе му помогне да излезе од депресијата.
– Ми беше уште полошо. Станав хипхондрик, мислев дека имам тумор во глава, тумор во стомак, не можев да гледам уабво. Се проверив во Белгија. Комплет проверив се, немав ништо, а не можев од кревет да станам. Сум се гледал пред огледало и се пцуев сам себе, знаеш дека не ти е ништо… Ги пиев сите можни антидепресиви, призна Секуловски меѓу другото и рече дека чекор по чеор успеал да излезе од таа ситуација.
Раскажа дека бил кај психолог, но не успеал да му помогне. Рече дека едноставно бил затворен тип кој не се отвора, кој чува емоција, па можеби и тоа било причината.
„Брат ми ќе се изнавика, ќе се изнаплаче, а јас трпам.. Можеби затоа не ми помогна тој психолог“, вели тој.
Секуловски се соочувал со оваа состојба додека бил сам во родниот град, а неговите мајка и брат биле во Белгија.
„Овде бев сам.. И тука имам пријатели, ама не сакав никој да видам. Се затворив дома, не сакав никој да видам, се’ ми пречеше, ми пречеа звуци од автомобилите..“, искрен е тој.
Сето ова се случувало непосредно пред да се пријави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.
Овој дел можете да го погледнете на околу 1 час и 20 минути на видеото: