Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е подготвен да посредува меѓу Израел и Палестина доколку двете страни го сакаат тоа.

Ердоган додаде дека Турција се подготвува да испрати хуманитарна помош во Газа.

Турскиот претседател го повика Израел да престане со бомбардирањето на палестинската територија, а Палестина да престане да ги вознемирува израелските цивилни населби.

– Веруваме дека нема да има мир во тој регион без независна и суверена Палестина – рече Ердоган.