Ненадејно почина тапанарот Бобан Живановиќ.
Младиот музичар во неговата кратка, но исклучително плодна кариера соработуваше со бројни естрадни имиња.
Меѓу познатите пејачи со кои имаше можност да работи се и Милан Динчиќ Динча и Тамара Милутиновиќ.
Токму Милутиновиќ се огласи со емотивна порака.
„Нашата последна заедничка свирка.. Нека ти е среќен патот, пријателе. Почивај во мир. Ќе ни недостасуваш“, напиша Тамара на „Инстаграм“.