Канадската пејачка Нели Фуртадо (43) беше една од најголемите музички ѕвезди на почетокот на 2000-тите, а потоа одеднаш исчезна од сцената.
Пејачката со годините го менуваше својот изглед, но остана препознатлива по „заразната“ насмевка. Таа се прослави со песната „I am Like a Bird“ од 2000 година од нејзиниот деби албум „Whoam, Nelly“, а потоа следеа големите хитови „Promiscuous“, „Say it Right“ и „Maneater“ кои беа на врвот на музичката скала, а на врвот на нејзината слава Нели реши да се пензионира откако доживеа нервен слом на сцената во 2006 година.
– Бев на турнеја со ќерка ми. Бев и мајка и пејачка, бев страшно исцрпена. Една вечер стапнав на сцената и сфатив колку сум под стрес. Плачев за време на првите две песни и потоа решив да се одморам од музиката, си отидов дома. Тогаш сфатив дека само сакам да бидам дома со семејството – изјавила Нели во едно интервју и открила дека не знаела како да се справи со големата слава која ја стекнала за кратко време.
– После две години интензивни концерти и забави, поминував часови дома во Лос Анџелес зјапајќи во подот. Се чувствував како измамник. Верував дека луѓето ме сакаат поради мојот имиџ, а не поради музиката. Таа има издадено неколку албуми и песни во текот на годините, но никогаш не се врати на старата слава. Од 2008 до 2016 година беше во брак со Демасио Кастело, а од претходната врска ја има ќерката Невис Четан.
📷
📷
📷