Новинарот на украинскиот медиуми „Киев Индепендент“ Илија Пономаренко, пред неколку часа на својот Твитер профил објави информација која може слободно да се смести во категоријата „Верувале или не“, секако доколку истата е веродостојна, имајќи во предвид дека во изминативе неколку денови се одвива вистинска „шпекулативна војна“ како од украинска, така и од руска страна.

Имено, новинарот денеска објави помалку неверојатна сторија за двајца руски војници, кои останалез без гориво во Харковската област, поточно кај местото Шевченкове.

– На овие двајца руски идиоти во Шевченкове, Харковската област, им откажало возилото. Погодете што направија? Тие дојдоа во локалната украинска полициска станица. И прашаа дали може да добијат малку гориво, напиша Пономаренко на социјалните мрежи објавувајќи фотографии од двајцата руски војници.