Американската влада им даде зелено светло на балтичките земји да испратат американски ракети и друго оружје во Украина. Западните земји предводени од САД и од Велика Британија се решија на ваков потег, тврдејќи дека Русија подготвува инвазија врз Украина, иако Москва отфрла дека постои таков план и предупредува на подготовки на Западот и на властите во Киев за провокации и воена разврска на украинскиот конфликт.

Според договорот меѓу сојузниците во НАТО, за испраќање во Украина ќе бидат опфатени следниве контингенти:

– Естонија ќе ги пренесе противтенковските ракети „џавелин“ во Украина;
– На Литванија ќе ѝ биде дозволено да испраќа ракети „стингер“;
– Велика Британија испорача серија на лесно противтенковско оружје од новата генерација („НЛАВ“) во Украина;