Во резултатите кои Државниот завод за статистика ги објави денеска може да се погледне и коплетна листа на сите етнички групи кои живеа на територијата на Северна Македонија.
Меѓу поголемите етнички неуставни заедници се следниве:
3.504 (0,19%) – Бугари, 2.406 (0,13%) – Египјани, 2.145 (0,12%) – Хрвати, 1.023 (0,06%) – Црногорци
Од сите изјаснети како Бугари, дури помалку од половина навеле дека мајчин јазик им е бугарскиот (1.519)
Како дел од македонскиот етнос, а од непознати причини се попишани во одделна графа, се и 4.174 Торбеши, 148 Горанци и 455 Муслимани-Македонци.
Еврејската заедница во државава денес брои само 66 лица.
Други помали заедници, а кои ги има над 100, се и: 303 – Руси, 294 – Грци, 243 – Словенци, 166 – Украинци, 136 – Германци, 126 – Романци, 110 – Англичани, 103 – Полјаци.
Интересно, 344 граѓани се изјасниле како Југословени.
Бројката на оние кои одбиле да се изјаснат за етничка припадност изнесува 450 жители, а 110 се изјасниле во смисла на регионална припадност.