Како е можно 24 проценти од Албанците во Северна Македонија да имаат повеќе права од 29 проценти од Србите во Црна Гора. И тогаш ќе биде, пресечете му ја главата на Вучиќ, тој е злосторник, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на денешното Собрание на неговата партија СНС.
Тој додаде дека Србија секогаш мора да биде виновна, затоа што ги бара правата на своите граѓани во Црна Гора.
-Утрово, јас сум обвинет за вршење државен удар во Црна Гора, бидејќи некој им рече нешто на владиците за тоа кој ќе биде митрополит, рече Вучиќ.
Како што додаде, тој дури и не знаеше дека некои го посетуваат српскиот патријарх.
-Не реков кој треба да биде митрополит, туку тие, забележа тој.
-Ќе бидам апсолутно под најголем притисок, осуден и стигматизиран, но дозволете ми да кажам – нема да го потпишам нивното признавање на независно Косово, рече тој.
Тој рече дека одлуките во Србија нема да ги носат странски амбасадори, ниту пак тие ќе можат да ги ставаат луѓето на позиции.
-Додека сме тука и додека е СНС, Србија ќе се прашува и Србија ќе неси одлуки, рече тој.
Тој рече дека затоа е важно Собранието на партијата, каде што ќе може да се размислува за кандидатите, бидејќи тој, како претседател на партијата и на државата, ќе биде изложен на најголем притисок.
-Србија е дел од светот, но ако некој мисли дека има таков притисок, можам да кажам дека нема да го потпишам признавањето на независно Косово, подвлече тој.
Тој посочи дека поради тоа него го напаѓаат.