Во вистинска драма се претвори мирното празнување на православниот Божиќ во семејната вила на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ на Дедиње, Белград. Роднините на Јелена биле сведоци на нападот на Душко врз пејачката.

Српската пејачка Јелена Карлеуша (43) вчера го пријавила својот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ (36) за семејно насилство. Душко потоа бил приведен во полициска станица каде дал изјава и му е забранет пристап до пејачката во траење од 48 часа, пишува српски Курир.

Јелена вчера претпладне најпрво ги посетила Новобежанските гробишта каде е погребана нејзината мајка Дивна. После тоа отишла во вилата на семејството Карлеуша-Тошиќ во белградскиот кварт Дедиње.

Семејствата на Душко и Јелена дојдоа во посета за заедно да го прослават православниот Божиќ. Според Курир, се уште не е позната клучната причина која довела до кавгата, но познато е дека пејачката околу 12:20 часот повикала полиција и пријавила дека сопругот ја удрил.

Полицијата набрзо дошла во нивниот дом и заклучила дека Тошиќ прво ја плукнал, а потоа и удрил шлаканица, а пејачката на лицето имала видлива расекотина. Вака го опишаа настанот сведоците, братучедот на Карлеуша, Марко и нејзината тетка Данијела.

Како што пишуваат српските медиуми, Карлеуша одбила лекарска помош и не сакала да поднесе жалба против Тошиќ. Слична ситуација имаше и минатата година. Тогаш пејачката наводно изјавила дека Тошиќ психички ја малтретирал и дека и ја свиткал раката. Тој негираше се и тврдеше дека се расправале за несогласувања во бракот.

И овој пат пејачката не сакаше да даде изјава во полиција. Но, тие ја увиделе сериозноста на ситуацијата и инсистирале парот да дојде во полициската станица Савски венац за да даде изјави, но Карлеуша, наводно, низ солзи одбивала да го стори тоа.

Дежурниот заменик-обвинител конечно наредил разговор со Тошиќ и сведоци кои биле таму за време на нападот. Адвокатот на Тошиќ, Небојша Перовиќ, прво дојде во полициската станица и рече дека немало насилство.

– Немаше насилство, нема елементи на какво било насилство. Сите што го познаваат знаат дека тој е семеен човек и угледен спортист – изјави Перовиќ.

На прашањето дали Тошиќ ја удрил пејачката, тој одговори дека „доволно кажал“ и дека нема што друго да коментира.

По адвокатот, во полициска станица дошол и првиот сведок, братучедот на Карлеуша, Марко, кој бил сведок на настанот, а потоа и нејзината тетка Данијела.

Тошиќ по нив дошол во полиција и рекол дека е шокиран од пријавата за насилство.

-Јелена не ја удрив, не ја ни допрев, единствената вистина е дека се расправавме. Во брак сме долго време, јас сум посветен сопруг и татко. Најтешко ми е што наместо да ги поминам празниците дома, јас сум во полициска станица поради пријавата на жена ми. Шокиран сум од обвинувањата, тоа не можам да го разберам – рече Тошиќ на распитот.

На неговото рочиште присуствуваа и адвокатите Небојша Перовиќ и Никола Премовиќ. На Тошиќ по распитот му е изречена итна мерка забрана за приближување и комуникација со сопругата во траење од 48 часа. Тогаш обвинителите ќе одлучат дали има потреба од продолжување на забраната.

Имено, обвинителството побарало полицијата да достави детален извештај, со сите изјави, а Карлеуша ја советувале да направи лекарски преглед и покрај полицискиот извештај да им биде доставен и лекарски извештај. Потоа ќе се одлучи за понатамошна постапка.

Тошиќ не се огласи по обвинувањата, а пејачката не зборуваше за тоа, што изненади многумина. Имено, Карлеуша е позната по тоа што „зборува без влакна на јазикот“ за се на социјалните мрежи, што овој пат не беше случај.