По два дена стабилно и сончево време во Хрватска, Хрватскиот хидрометеоролошки завод (ДХМЗ) вклучи жолт метео аларм за целата земја, а портокалов за целото крајбрежје поради влошување на времето.
Според информациите, во четврток во Хрватска се очекуваат врнежи и освежување со позабележителен пад на температурата.
– Посилните грмотевици можат да предизвикаат големи штети. Заштитете се од гром. Можни се штети на имот и дрвја. Можни се локални поројни поплави, налети на ветер и град – предупредиja од ДХМЗ.
Покрај промената на температурата, метеоролозите на ДХМЗ за петок најавија можност за појава на првите снегулки на највисоките планини, заедно со студено и невреме. Температурата ќе опадне во четврток попладне, а од петок ќе биде значително постудено, особено во внатрешноста, предупреди ДХМЗ.
Промена на температурата и во Европа
Промената на времето стигна и до другите делови на Европа. Метеоролозите во Германија предвидуваат пад на температурата за 20 степени. Во одредени региони би можеле да наврнат рекордни количества дожд.
– Може да има големи поплави во југоисточна Германија и нејзината околина, во Австрија и Чешка. Доколку сегашните пресметки се остварат, во големи делови од јужна Баварија се би било под вода – предупреди метеорологот Роналд Поршеке во изјава за порталот „Wetter.net“.
И метеорологот Албан Бурстер е загрижен поради пресметките што ги направија метеоролозите во понеделник.
– Да се надеваме дека сегашните предвидувања нема да се остварат. Во спротивно, веќе нема да зборуваме за долината Ахр, туку за потоп – рече тој.
Друг метеоролог предвидува можност за катастрофа.
– Над северна Италија се формира облак од бура, кој за време на викендот ќе се движи кон Балканот и ќе се приклучи на друга ќелија над Источна Европа. Буквално ја впива водата и произведува огромни количини дожд. Поплави може да се очекуваат во делови од источна Австрија, Чешка, Словачка и Полска, кои на локално ниво може да прераснат во катастрофа – изјави метеорологот Александар Кениг.
Метеорологот Јунг изјави дека на Алпите може да паднат два до три метри снег.
– Очекуваме исклучително насилна промена на времето каква што ретко се гледа. Во Апа до викенд може да паднат два до три метри свеж снег. Делови од Европа се изложени на голем ризик од поплави, предупреди германскиот метеоролог Доминик Јунг за „Merkur.de“.