Џастин Бибер (30) е фотографиран во Њујорк како изгледа напнато и исцрпено, а фановите сѐ почесто шпекулираат за можни брачни проблеми со неговата сопруга Хејли Бибер.
Пејачот беше облечен во опуштен стил. Тој носеше светло жолта качулка, широки карго панталони и меки влечки што личеа на домашни влечки.
Извори за Дејли Меил велат дека пријателите на Хејли сѐ повеќе се загрижени за „неприфатливото однесување“ на Џастин, а некои наводно ја повикуваат да го остави.
„Хејли се кара со Џастин речиси од почетокот на нивниот брак“, изјавил инсајдер за Дејли Меил. “Таа го сака лудо, но тој е непредвидлив. Некои од нејзините пријатели ја советуваа да продолжи понатаму и да го остави. Неговото однесување понекогаш е неприфатливо. Таа многу страдаше”, тврди изворот. Тој додаде дека Хејли и нејзините најблиски се надевале дека Џастин ќе се промени со раѓањето на нивниот син Џек Блуз Бибер во август 2024 година, но и покрај тоа што бил покрај неа, промените биле краткотрајни. „Кога се роди детето, беше покрај неа и таа мислеше дека татковството ќе го промени на подобро, но тоа не траеше“, додал изворот.
Минатата недела Џастин се обиде да ги отфрли гласините за брачна криза со објаснување дека не намерно го прекинал следењето на Хејли на Инстаграм. Неколку часа откако тврдеше дека неговиот профил е хакиран, тој се врати на социјалните мрежи и објави фотографии со Хејли од нивното патување во Аспен за да покаже дека сѐ уште се заедно.