figure>

Тригодишно момче од место во близина на хрватскиот град Сисак почина во средата како резултат на пад од кревет. Го чувал очувот додека неговата мајка била во црква со двете ќерки. Детето прво било реанимирано од брза помош, а реанимацијата била продолжена во болницата во Сисак, каде што била констатирана смртта на момчето.

Брзата помош добила повик во кој им било кажано дека детето не дише. Момчето е затекнато без свест, пулс и знаци на живот. Директорот на болницата во Сисак, Томислав Дујменовиќ, за 24sata.hr изјави дека кај нив продолжила реанимацијата на детето, но за жал, безуспешно.

figure>

Детето, инаку, немало надворешни повреди. Неговото тело е пренесено во Загреб, во Институтот за судска медицина, каде што ќе се утврди причината за смртта.

„Тоа е несреќа“

Директорката на Центарот за социјална работа во Сисак, Аленка Љубешиќ, наведува дека во тоа семејство немало пријави за насилство.

– Тоа е несреќа, колку што знаеме, и ние сме длабоко потресени. Веднаш и пруживме психолошка помош на мајката. Во семејството се уште има малолетни деца, на кои исто така ќе им помогнеме, рече директорката на Центарот.

figure>

Првите соседи на семејството, брачна двојка, повремено се грижеле за момчето додека неговата мајка работела.

– Неговите сестри и мајка отидоа на миса околу 18 часот, а јас се грижев за бебето. Околу 18,45 часот го однесов дома, каде што беше и неговиот очув. Кога се вратив дома, дојдоа неговите сестри во солзи велејќи дека нивниот брат паднал од креветчето и дека неговото срце не чука, раскажала сосетката во шок.

Мораше да моча

Очувот рекол, додава таа, дека детето си играло, па отишло да спие.

figure>

– Најверојатно морало да моча, а бидејќи го одвикнаа од пелени, најверојатно се искачило преку оградата на креветот и паднало. Очувот гледал телевизија во другата соба кога го слушнал ударот, раскажува сосетката.

Како што вели, момчето било здраво и силно.

– Тој сакаше да биде со нас, ние многу го сакавме. Одеше со нас на ливада да се грижи за животните, често беше кај нас. Го донесовме дома, како што побара мајка му. Се распаднавме кога го видовме неговото мало безживотно тело, раскажуваат во солзи соседите на семејството, кои биле многу поврзани за детето.