Еден италијански пар отишол во локален ресторан на пица, следниот ден им се слошило, а целата ситуација завршила со смрт, пишува Leggo.it.

Жерардина Корсано (46) почина во вторникот наутро во болница во италијанскиот град Аријано Ирпино (Авелино), а нејзиниот сопруг, 52-годишниот Анџело Менино е хоспитализиран и е во тешка состојба. Како што изгледа според досегашното истражување, кобен бил ботулин во зачинето масло на база на чили пиперки.

Парот, кој е во брак нешто повеќе од една година, реши да се почести со вечера во локален ресторан во сабота. Следниот ден и двајцата имале главоболка, неподносливи грчеви и повраќале, па итно биле хоспитализирани.

Состојбата на Жерардина се влошила додека била на ургентното одделение, била интубаирана и преместена на друго одделение, пренесува TGLa7. Таа почина во вторникот и покрај напорите на лекарите кои ја реанимирале. Анџело е префрлен во болницата Котуњо во Неапол и е во тешка состојба.

Обвинителството во Беневенто покрена истрага, а најверојатната причина за труењето е ботулинум, отров што го лачи анаеробната бактерија Clostridium botulinum. Најчестиот начин на зараза е со конзумирање на заразена храна, а е фатален бидејќи предизвикува мускулна парализа.